
Мејсон Гринвуд не сака да се врати во Манчестер Јунајтед, пишуваат медиумите во Шпанија. Во моментов Англичанецот игра како позајмен во шпанскиот прволигаш Хетафе, каде се чини дека се чувствува одлично.
22-годишниот фудбалер се пресели во мадридскиот клуб во последниот ден од преодниот рок, потпишувајќи договор за позајмица до крајот на сезоната.
Гринвуд беше отстранет од тимот на „црвените ѓаволи“ откако беше обвинет за сексуален напад.
На крајот Англичанецот замина на позајмица во Хетафе каде ќе се обиде да ја оживее кариерата.
Проблем за него, сепак, може да биде фактот што во актуелниот договор со Шпанците нема клаузула за негов откуп.
Тоа значи дека Хетафе и Манчестер Јунајтед мора да се договорат за нова цена за негов постојан трансфер во Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
