Connect with us

„Форбс“ ја објави листата на 11 најплатени фудбалери

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени фудбалери во 2023 година. Заработката на најголемите ѕвезди е поделена на парите добиени од тоа што го работат на теренот, но и од она што го прават надвор од него.


Поточно, до износот стигнале со собирање на вкупната заработка од плати, бонуси и имиџ права на играчите договорени со клубот, како и проценка на приходите надвор од теренот, која се состои од бизниси со кои управуваат фудбалерите.

На врвот е Кристијано Роналдо, пред Лионел Меси и пред Нејмар.

Роналдо, Нејмар, Бензема и Мане годинава ги напуштија Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн Минхен и заминаа во саудиските клубови финансирани од исклучително богатиот саудиски фонд за јавни инвестиции. „Форбс“ наведува дека саудиските клубови летово потрошиле речиси една милијарда долари за да доведат 94 играчи од странски лиги. Според гласините, на Меси и на Мбапе наводно им биле понудени пакети од 1,6 и 1,1 милијарди долари, но тие не прифатија.

„Форбс“ предвидува дека 11 најплатени светски фудбалери оваа сезона ќе заработат 995 милиони долари без даноци и такси за агенти, што е за 53 отсто повеќе од минатогодишната листа, на која десет играчи заработија тогаш рекордни 652 милиони долари.

Листата на најплатените фудбалери во светот во 2023 година, според Форбс

  1. Кристијано Роналдо (Ал Наср) – 260 милиони долари (200 милиони од играње, 60 од други активности)
  2. Лионел Меси (Интер Мајами) – 135 милиони долари (65 милиони од играње, 70 од други активности)
  3. Нејмар (Ал Хилал) – 112 милиони долари (80 милиони од играње, 32 од други активности)
  4. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 110 милиони долари (90 милиони од играње, 20 од други активности)
  5. Карим Бензема (Ал Итихад) – 106 милиони долари (100 милиони од играње, 6 други активности)
  6. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 58 милиони долари (46 милиони од играње, 12 други активности)
  7. Мохамед Салах (Ливерпул) – 53 милиони долари (35 милиони од играње, 18 од други активности)
  8. Садио Мане (Ал Наср) – 52 милиони долари (48 милиони од играње, 4 други активности)
  9. Кевин Де Брујн (Манчестер Сити) – 39 милиони долари (35 милиони од играње, 4 други активности)
  10. Хари Кејн (Баерн) – 36 милиони евра (26 милиони од играње, 10 од други активности)
  11. Роберт Левандовски (Барселона) – 34 милиони долари (24 милиони од играње, 10 од други активности)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови