
Шпанскиот првак Барселона донесе одлука што да прави со напаѓачот Жоао Феликс, кој е позајмен од Атлетико Мадрид. Каталонското издание „Спорт“ пренесува дека Португалецот веќе ги убедил сите во клубот со своите добри игри од почетокот на сезоната и Барса сака трајно да ги откупи неговите права по крајот на сезоната.
„Имаме цела сезона да подготвиме понуда која ќе ни овозможи да го задржиме Жоао Феликс. Ние сме многу задоволни од неговите настапи и тој е играч кој е омилен во сите области на клубот“, изјавија за „Спорт“ извори од Барселона.
Каталонскиот клуб реши сериозно да ја зголеми платата на Португалецот. По неговото пристигнување на крајот од летниот преоден рок, со играчот и неговиот агент Жорге Мендеш беше договорена годишна сума од 400.000 евра, што е многу под она што го заработува играч со негов квалитет, но беше неопходно поради економските проблеми на Барселона.
Сепак, во договорот на Португалецот има клаузула дека платата ќе му биде зголемена кога тоа ќе го дозволат финансиите на Барселона и ќе добие одобрение од Ла Лига. Сега кога е така, годишната плата на Феликс ќе порасне на речиси 4 милиони евра по сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Евро-фудбал
Наполи се вклучи во трката за Расмус Хојлунд

Интернационалци
Јован Манев потпишува за Нови Пазар

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
