Обложувачкиот скандал во италијанскиот фудбал е сѐ поголем и поголем и сѐ повеќе се појавуваат имиња на инволвирани кои би можеле да се соочат со сериозни казни и суспензии. Медиумите во Италија информираат дека истражните органи дошле до заклучоци дека луѓето во Јувентус знаеле за проблемот со Николо Фаџоли.
Дефанзивецот на „старата дама“, Леонардо Бонучи, и член од стручниот штаб на Јуве, биле свесни за коцкарскиот проблем на играчот од средниот ред. Ова станало јасно откако Фаџоли ги предаде телефоните и таблетите. Во нив биле пронајдени муабети кои потврдуваат дека има луѓе внатре и надвор од клубот кои биле свесни што се случува.
Органите за спроведување на законот во Италија во моментов спроведуваат паралелни истраги против сите овие лица, бидејќи според законот за спорт и тие се кривично одговорни и може да се соочат со шестмесечни казни за неизвестување на властите навреме.
Италијанскиот печат тврди дека Фаџоли на сослушувањата потврдил сѐ, бидејќи се надева дека со признавањето на вината ќе постигне добар договор и ќе добие полесна казна. Тој во моментов се соочува со тригодишна забрана од фудбалот, но благодарение на соработката со властите може да одлежи само 18 месеци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













