Централниот дефанзивец на Манчестер Сити, Мануел Аканџи, би можел да се пресели во Галатасарај, објави реномираниот спортски новинар Фабрицио Романо на својата страница на социјалната мрежа „X“.
Според информациите, турскиот клуб веќе е во контакт со „граѓаните“ и со агентот на фудбалерот. Самиот играч сè уште нема донесено конечна одлука.
Аканџи е производ на швајцарскиот фудбал. Во сениорската кариера настапувал за Винтертур, Базел и Борусија Дортмунд, а од 2017 година е стандарден репрезентативец на Швајцарија. Неговата пазарна вредност во моментов изнесува 28 милиони евра, а договорот со Манчестер Сити му трае до летото 2027 година.
Ова е веќе втор играч на „небесносините“ за кој турскиот шампион покажува интерес, откако претходно се шпекулираше за голманот Едерсон.
Во меѓувреме, се појавија и нови детали околу потенцијалниот трансфер на Едерсон во Галатасарај. Засега не е сигурно дали договорот ќе се реализира, па Турците веќе се насочија кон голманот на Порто, Диого Кошта, кој би бил резервна опција доколку не успеат да го донесат чуварот на мрежата на „граѓаните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













