
МАКФУДБАЛ во Прага,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) во Прага игра против Украина и се надева дека може да оствари успех кој ќе го остави нашиот национален тим во игра за второто место во групата и пласман на ЕВРО 2024. Останува грутка во грло кога ќе се потсетиме на првиот меч во Скопје, водевме со 2-0, но на крајот загубивме со 2-3.
„Не треба да се трошат зборови за селекцијата на Украина, составена е од врвни играчи кои играат во топ лигите во Европа, но Македонија покажа дека може да биде конкуретна и со таков тип на репрезентација. Сепак, ме радува нашата форма од последниот мини-циклус, се надевам дека ќе ја задржиме таа енергија и на утрешниот натпревар. Сметам дека ќе биде комплетно различен овој дуел, очекувам отворен натпревар од двете страни, затоа што и двете селекции само победа ги остава во трката за второто место. Го анализиравме многупати првиот меч, ќе мораме да го задржиме фокусот во текот на сите 90 минути и да не ги повториме истите грешки од Скопје“ изјави селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
