![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/10/italijanci-kockanje.jpg)
Скандалот околу италијанските фудбалери кои се обложуваат на нелиценцирани сајтови за коцкање секој изминат ден добива се поголеми размери.
Засега е јасно дека истрагата за ова обвинение ќе се води против тројца од најпознатите млади италијански играчи, Николо Фаџоли, Николо Заниоло и Сандро Тонали.
Според „Ла Република“, во овој случај тие не се единствените вмешани италијански фудбалери. Весникот тврди дека најмалку 10 играчи од Серија А се обложувале на нелегални сајтови за коцкање, а еден од нив, покрај Фаџоли, е од Јувентус.
Сѐ започна со истрага за анонимно обложување на криминална група. Инспекторите случајно наишле на влогови на Фазоли со вкупна вредност од над 100.000 евра за последните 18 месеци. Фудбалерот го предал својот телефон на полицијата, оттогаш тие брзо стигнале до останатите осомничени фудбалери. Но, против нив нема да биде поднесена кривична пријава бидејќи се работи за обложување на нелегални платформи, а не за учество во местење натпревари.
Во меѓувреме, италијанскиот новинар Фабрицио Корона, кој е добро запознаен со истрагата, тврдеше дека на почетокот на август Јувентус знаел за обложувањата на Фаџоли, но наместо да ги информираат правните органи, тие решиле да го прикријат, што било причината играчот да не учествува на претсезонската турнеја на тимот во САД.
Четвртото име вмешано во скандалот е фудбалер на Рома, а неговото име треба набрзо да биде откриено.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal