Connect with us

Мегваер: Кога јас играм, Манчестер Јунајтед победува

Еден од најскапоплатените дефанзивци во историјата на фудбалот, Хари Мегваер, со години е мета на критики во јавноста поради лошите игри во Манчестер Јунајтед.


Дефанзивецот го загуби статусот капитен на „црвените ѓаволи“, но и местото во тимот на стартот од новата сезона кај менаџерот Ерик тен Хаг. Сепак, и тоа на Јунајтед не му донесе ништо добро, бидејќи по осум кола се само десеттопласирани во англиската Премиер – лига.


„Не можам да бидам среќен кога поминувам толку многу време на клупата, а толку малку на теренот. Процентот на победа на тимот кога сум на теренот е огромен, верувам дека заслужувам да бидам стартер. Се разбира, тренерот одлучува, по репрезентативната пауза ќе се вратам во клубот и ќе видам каков статус ќе имам“, изјави Мегваер за британските медиуми.


Стандардниот репрезентативец на Англија летово беше на прагот да се пресели во Вест Хем, но остана на „Олд Трафорд“. Сепак, Мегваер е уверен дека наскоро ќе ја промени средината доколку не му се подобри статусот во тимот.


„Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно. Ако продолжиме вака, сигурен сум дека ќе морам да разговарам со клубот. Верувам во моите способности и се што направив во кариерата. Беше тешко, но сакам да играм. Сакам да бидам важен дел од клубот. Во моментов не играм ниту приближно колку што би сакал, но морам да се погрижам да ја искористам секоја шанса што ми се нуди“, изјави дефанзивецот на Англија и на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови