Полицајците пристигнаа во базата на италијанската репрезентација во Коверчиано за да разговараат со Николо Заниоло и Сандро Тонали, чии имиња беа вмешани во скандалот со обложувањe. Вчера прво се појави веста дека Николо Фаџоли е под истрага за сличен престап, а денеска скандалот доби уште поголеми размери по откритијата на поранешниот папарацо Фабрицио Корона.
Според информациите, полицијата разговарала со Заниоло и Тонали во присуство на шефот на делегацијата на италијанската репрезентација Џанлуиџи Буфон.
Италија в сабота ги игра евроквалификациите со аутсајдерите од групата Ц, Малта, а неколку дена подоцна „аѕурит“ гостуваат против Англија на „Вембли“.
Заниоло и Тонали вечерва ќе го напуштат репрезентативниот камп и сигурно нема да играат на споменатите два натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













