
На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Македонија стартуваше со блескав триумф од 1-4 против Словенија.
Првиот стрелец беше Зоран Бошковски – Чоко, неговиот гол влезе во историјата.
Тогашниот Фудбалски Сојуз на Македонија, сега ФФМ, се одлучи првиот меч да го одиграме во Крањ, на гости во Словенија и тоа на 13 октомври 1993 година.
Селекторот Андон Дончевски имаше силен состав, предводени од Дарко Панчев, потоа Зоран Бошковски – Чоко, Драган Канатларовски, Чеде Јаневски, Илија Најдоски…
Тој 13 октомври во Крањ, пред 30 години, со златни букви ќе биде запишан како датум на кој стартуваше нашата фудбалска репрезентативна историја.
Веќе во третата минута Македонија постогна гол за водство. По додавањето на Дарко Панчев, Чоко Бошковски постигна гол, првиот, историски, за македонската фудбалска репрезентација.
Следуваа головите на Панчев (37.минута), Чеде Јаневски (48.минута) и на Драган Канатларовски (51.минута) за голема победа од 1-4. Почесниот гол за домашните беше дело на Пате (40.минута).
Селекторот Андон Дончевски на тој натпревар им даде шанса на следните фудбалери: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63′ Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (86′ Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (12′ Горан Георгиевски, 73′ Саше Милошевски), Тони Мицевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Наполи е повторно на тронот во Италија (ВИДЕО)

Интернационалци
Димитар Митровски, избран во „Тимот на сезоната“ во Хрватска

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија
