Мароканската фудбалска федерација жестоко ја критикуваше намерата на Реал Мадрид да не му дозволи на Брахим Дијаз да учествува на турнирот на Африканскиот куп на нации. Натпреварите се на почетокот на следната година – од 13 јануари до 11 февруари 2024 година.
„Брахим сака да игра за нашата репрезентација, но Реал Мадрид има намера да го спречи“, изјави портпаролот на мароканската федерација Мохамед Макроф.
24-годишниот Брахим Дијаз од почетокот на сезоната одигра само осум натпревари за „кралевите“, најмногу како резерва и на теренот помина вкупно 116 минути.
Брахим Дијаз е роден во Малага, но неговите родители се Мароканци. Тој има настапи за сите репрезентации на Шпанија, вклучувајќи ја и сениорската, но на неофицијален меч, и тоа му дава можност да игра за Мароко.
Пред да се врати во Реал ова лето, Брахим Дијаз помина три сезони на позајмица во Милан, каде што забележа 91 настап, постигнувајќи 13 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













