
Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп на прес-конференција разговараше за Пол Погба. Ѕвездата на Јувентус се соочува со суспензија од две до четири години доколку истрагата покаже дека е виновен откако неговиот допинг тест бил позитивен и Б примерокот покажал прекумерно ниво на „тестостерон“.
„Жал ми е за Погба, многу работи му се случија. Тој е во компликувана ситуација. Ќе мора да се брани, тоа е дел од една долга процедура. Се започна со допинг тестот. Не знам што ќе му се случи, но тажно е тоа што се случува“, изјави Дешамп.
Погба има 91 настап и 11 голови за Франција, со која го освои Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации во 2021 година.
Дешамп доби прашање и дали го гледа Погба во иднина во репрезентацијата.
„Не знам што ќе се случи со него во иднина. Се надевам дека повторно ќе биде среќен и повторно ќе излезе на теренот, но ќе треба малку време“, одговори селекторот, чии играчи ги очекуваат натпреварите со Холандија ( 13 октомври) и со Шкотска (17 октомври) во квалификациската група Б за Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Евро-фудбал
Наполи се вклучи во трката за Расмус Хојлунд

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
