Connect with us

(ВИДЕО) Огромен скандал во Алкмар: Полицијата со пендреци удираше фудбалери на Легија и приведе двајца

Огромен скандал се случил во Алкмар пo завршувањето на мечот меѓу домашниот тим АЗ Алкмар и полскиот претставник Легија Варшава.


Холандската полиција жестоко се нафрли на фудбалерите и стручниот штаб на Легија, додека чекаа да заминат со автобусот од стадионот по синоќешниот дуел во Конференциската лига.


Полицијата со пендреци се нафрли и на претседателот на Легија, Дариуш Миодуски.


Како што информираат полските медиуми, Миодуски неочекувано добил неколку удари од полицијата, а дел од играчите се впуштиле во клинч со полицијата, па приведени се капитенот Жосуе и дефанзивецот Радован Панков.


Потоа претседателот и тренерот на Легија со такси заминале во полициската станица по своите фудбалери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови