
Дури три континенти ќе го организираат Светското првенство во 2030 година, на кое ќе се слави стогодишнината од првото Светско првенство одиграно во 1930 година во Уругвај.
Кандидати беа Шпанија, Мароко и Португалија, а ФИФА излезе со идеја да ги „спои“ и Јужноамериканците, па натпреварите ќе се играат во Уругвај, Парагвај и Аргентина, само за да се одбележи стогодишнината од Светското првенство.
Зошто Аргентина и Парагвај?
Аргентинците играа во финалето на првото Светско првенство, а традиционалниот дом на КОНМЕБОЛ е во Парагвај.
Првиот меч ќе се игра во Уругвај, поточно во Монтевидео, а потоа сите ќе се преселат на северот на Африка и на југот на Европа.
Очекуваме само официјална потврда од ФИФА, но сигурно е дека ќе се игра на три континенти.
За потсетување, денеска беше објавена и информација дека ЕВРО 2028 ќе се игра во Велика Британија и во Ирска.
Финалниот натпревар ќе се игра во Шпанија.
Инаку, Светското првенство во 2034 година ќе се игра или во Океанија или во Азија, бидејќи според правилата на ФИФА не може да се одржува на други континенти. Иако, можеби и тоа ќе се промени…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Најтрофејниот клуб Вардар го победи шампионот Струга ТЛ на гости, а Шкендија успеа да...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на...
Автор makfudbal
