Нов скандал од висок профил го потресе шпанскиот фудбал откако утринава, во интервју за Радио Каталуња, поранешниот полициски комесар Хозе Мануел Виљарехо го обвини претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека „купувал судии“ уште пред Барселона да почне да го прави тоа, осврнувајќи се на случајот Негреира , но никој ништо не му може бидејќи Перез е „недопирлив“ и над законот.
„Пред случајот Негреира, истото веќе беше отктиено и за Реал Мадрид. Сепак, невозможно е да се гони нешто што го погодува Флорентино Перез. Кој ќе се осмели, си прави самоубиство. Тој е недопирлив”, тврди поранешниот полицаец.
Реал Мадрид веднаш одговори со официјално соопштение во кое откри дека претседателот на клубот наредил итна правна постапка против Виљарехо поради „лажните обвинувања“ кои ги изнел на Радио Каталуња.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













