Connect with us

Конте ќе го наследи Жозе Мурињо во Рома?

Жозе Мурињо е под договор со Рома до крајот на актуелната сезона и римскиот клуб почна да бара замена за португалскиот стручњак, пишуваат италијанските медиуми. Фаворит за наследник на Мурињо е Антонио Конте.


Рома имаше лош почеток на сезоната и по седум првенствени кола има само осум бода и се повеќе се пишува дека Мурињо би можел да го напушти клубот на крајот од натпреварувачката година. Одлуката за наследникот сѐ уште не е донесена, но Конте се смета за најверојатна опција.


Италијанецот е без работа по неговото ненадејно заминување од Тотенхем, при што ги нарече своите играчи себични и го означи клубот како губитник. Конте беше желба на Рома и во 2019 година, а се претпоставува дека не би прифатил работа за плата помала од 7 милиони евра.


Конте, поранешниот селектор на Италија, го предводеше Интер до титулата во Серија А, а трипати претходно и Јувентус. Со Челси беше и шампион во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови