![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/10/luis-enrike-psg-4.jpg)
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, покажа самодоверба пред дуелот со Њукасл во Лигата на шампионите в среда. Стратегот призна дека големата цел пред него и неговиот тим е освојување на најсилниот турнир во Европа.
Парижаните го имаат најслабиот старт во шампионатот од 2010 година, но се надеваат дека ќе имаат силна сезона во Европа.
„Во ЛШ многу зависи од тоа дали ќе бидеме константни. Мора да бидете на ниво во групната фаза, но и после тоа во елиминациите. Многу фактори се важни и има многу силни тимови. Кажете како сакате, но ние сме меѓу фаворитите и ќе се бориме за трофејот, тоа е нашата цел. Ќе видиме што ќе се случи. Во однос на потенцијалот, мислам дека нема многу тимови кои можат да нѐ надминат. Ги има неколку на наше ниво. Сакам да играме максимално концентрирано на секој натпревар, тогаш ќе имаме шанса за успех“, изјави Луис Енрике.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal