Македонија ЃП и Брера го отвораат деветтото коло од Првата фудбалска лига. На стадионот во Ѓорче Пертов се очекува интересен дуел, а „лавовите“ се пред императив да победат.
Капитенот Кристијан Стојкоски се сложува дека Македонија ЃП послабо од очекувањата го стартуваше шампионот, па сега посакува победа за да се врати во ритам.
„Не сме на посакуваното ниво, но мораме да покажеме дека не се случајни двете последователни куп титули. Ќе го дадеме максимумот пред нашата публика, ја почитуваме Брера, но немаме друг избор освен победа“, изјави Стојкоски.
Брера со 14 бода е на четвртото место и заостанува само два бода зад лидерот Шкендија.
„Тимот е подготвен за новото искушение. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и дека ќе оствариме поитивен резултат“, вели тренерот на Брера, Џовани Валенти.
Останатите натпревари од деветтото коло во Првата фудбалска лига се играат утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













