
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, вчера најави враќање на помладите руски репрезентации во меѓународниот фудбал, но тоа нема да биде така лесно.
Иако повеќето селекции ја прифатија оваа одлука на УЕФА, сепак, Англија жестоко се спротистави. Таа нема да се откаже од своите принципи и се противи на секое учество на исто натпреварување каде што ќе бидат Русите.
Според британските медиуми, Англичаните се подготвени да ги бојкотираат сите натпревари на кои би играла репрезентацијата на Русија и играчите од оваа земја.
„Не ја поддржуваме позицијата на УЕФА да ја врати Русија во јуниорските натпреварувања. Нашиот став останува дека Англија нема да игра против Русија“, изјави за Ројтерс претставникот на ФА на Англија за односи со јавноста.
УЕФА донесе одлука дека младите Руси нема да играат под нивното знаме, химна, дури ни во дресови, ниту пак во овој случај ќе можат да настапуваат на територијата на својата земја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
