
Македонскиот второлигаш Каменица Саса на односот на домашните навивачи на вчерашниот меч против Башкими (2-2) во Куманово. Потенцираат дека безбедноста треба да биде императив.
„Неприфатлив однос на домашната публика кон нашите фудбалери на вчерашниот меч во Куманово.
Дали насилството се враќа на фудбалските терени? На кој му одговара ваков толерантен однос кон хулиганите и насилниците?
Треба ли секој натпревар наместо надигрување, да биде закана за безбедноста по здравјето и животот на фудбалерите?
Што треба да се случи на фудбалските терени за конкретна реакција на надлежните?
Само ФК Каменица Саса е жртва на два идентични напади со насилство во оваа и минатата сезона. Станува збор за немили настани и случаи кој ги преживуваат многу од екипите при гостувањата кај клубови со реално слаба организација на натпреварите. Безбедноста на фудбалерите и службените лица на натпреварите треба да биде императив во работењето на сите, вклучително и на Фудбалската федерација на Македонија“, се вели во реакцијата на ФК Каменица Саса.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
