
„Мадрилењо“, односно градското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, ќе се одигра в недела на 24 септември на „Ванда Метрополитано“, а за оваа важна средба Карло Анчелоти нема да може да смета на Винисиус Жуниор.
Шпанските медиуми пишуваат дека бразилскиот репрезентативец не му е на располагање на својот тим за овој дуел, бидејќи не се опоравил од повредата на грбот.
Тој веќе пропушти три натпревари поради повредата, со Хетафе, Реал Сосиедад и со Унион Берлин.
Анчелоти беше оптимист дека напаѓачот ќе може да игра, но, сепак, очигледно нема да може да настапи ниту в среда, кога „кралскиот клуб“ го очекува дуелот со Лас Палмас.
Дуелот е закажан за 21 часот. Реал има „пет од пет“ на почетокот на сезоната, додека избраниците на Диего Симеоне освоија седум бода на четири натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Евро-фудбал
Леон Бејли ја засили Рома

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Евро-фудбал
Левандовски се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Пропаѓа трансферот на Нкунку во Баерн?

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците
