
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, договори продолжување на соработката со клубот. Тој ја освои Ла Лига со Барселона претходната сезона и со тоа го врати тимот во Лигата на шампионите, откако отсуствуваше една година претходно.
Шпанецот и оваа сезона со Барса тргна одично, има четири победи и едно реми во шпанското првенство и победа против Антверпен во воведното коло од европската елита.
Секако, сето тоа го ценат и челниците кои му подготвија продолжување на договорот.
Актуелниот договор на Чави истекува во јуни 2024 година, а тој ќе потпише нов до 2025 година.
Постигнат е вербален договор, а наскоро се очекува и официјализирање на овој важен потпис за клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal