
Александар Стиков е роден во 1947 година, а целиот свој работен век го помина во Македонското радио како новинар, репортер и уредник на спортската програма. Со својот препознатлив глас ги овековечи најважните спортски настани во македонската и југословенската спортска историја, и со преку 2000 преноси е новинарот со најмногу изговорени минути на програмата на македонското радио.
Стиков беше последниот претседател на Здружението на спортски новинари на Југославија и еден од основачите на Македонскиот олимписки комитет. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи го и престижниот Трофеј за спорт и медиуми од Меѓународниот олимписки комитет во 2004.
Како уредник на Спортската програма на Македонското радио создаде плејада новинари и репортери. Во 1969 година ја основа најдолговечната специјализирана спортска програма Спорт, музика, спорт и известуваше од седум Олимпијади и голем број европски и светски првенства.
Погребот на посмртните останки ќе биде во петок (22 септември 2023 година) во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје (капела во 10.00), а комеморативната седница во понеделник (25 септември 2023 година) во 11 часот во просториите на Македонската радио-телевизија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тијаго Мота пред отказ во Јувентус?

Женски фудбал
Фудбалерките убедливо поразени од Косово
