
По двонеделната репрезентативна пауза, викендов се враќаат фудбалските возбудувања во Првата фудбалска лига.
Во премиерата на седмото коло, Шкупи на Чаир ќе ја пречека Брера Струмица.
На овој дуел ќе дебитира босанскиот тренер Младен Жижовиќ, кој пред една недела го презеде водството на тимот, по заминувањето на Турчинот Чихат Арслан.
Босанскиот напаѓач Армин Хоџиќ, кој го засили Шкупи во последните денови од преодниот рок, очекува добро издание на својот тим.
„Двонеделната пауза беше ефикасна, атмосферата во клубот е прекрасна. Работевме многу добро и со голема посветеност во овој период. Секојдневно напредуваме и сме подготвени за секој тим. Секако дека бараме успех од натпревар во натпревар, да се издигнеме уште повеќе како тим и да ги постигнеме нашите цели“, изјави Хоџиќ.
Брера посакува позитивен резултат, а тренерот Валенти верува дека тимот може уште подобро.
„Нè очекува многу тежок натпревар против одличен противник. Ни недостигаа неколку првотимци, па паузата ја искористивме за да исправиме некои грешки во играта. Мислам дека сега ќе играме уште подобро. Го респектираме многу Шкупи, но најбитно е како ние ќе изгледаме и да покажеме на терен тоа што го работиме на тренинг“, изјави Валенти.
Во последните пет пресметки меѓу Шкупи и Брера Стумица, тимот од Чаир забележа три победи, а две средби завршија нерешено.
Останатите натпревари од седмото коло во Првата лига се играат утре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
