
Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, веќе следната година би требало да се врати во клубот во кој ја помина целата кариера (1993 – 2017). Тој го призна ова во интервју за италијанските медиуми, додавајќи дека е во контакт со Жозе Мурињо за преземање на позиција во клубот што би симнала дел од притисокот од него.
Мурињо постојано се жали дека тој е единствениот човек во клубот кој им се обраќа на медиумите во врска со контроверзите околу клубот или тимот, поради што во неколку наврати е казнет.
Португалскиот стручњак сака тој дел од работата да го преземе клупската легенда со речиси 800 настапи и повеќе од 300 голови за Рома.
„Понекогаш се допишуваме и разговаравме и на телефон, тој сака да се вратам во Рома. Тоа може да се случи следната година. Мурињо е одличен како личност, а како тренер е најдобар. За да победиш потребни се големи играчи, но исто така тренер кој може да помогне и да мотивира. Навреда е да го критикуваш“, изјави Тоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
