Македонската фудбалска репрезентација ја забележа втората победа во евроквалфикациите и си ја подбри позицијата во обидот за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година.
„Заслуживме честитки затоа што ги оставивме срцата на теренот. Изморени сме, но тоа е само мал влог за целите кои ги поставивме. Делувавме многу компактно и заслужено дојдовме до трите бода. Покажавме дека одлично играме под притисок и мислам дека сме зрели за многу успеси во иднина. На мечот со Малта бевме одлични од почетокот до завршницата. Одлично работевме на теренот и заслуживме победа. Денес мислам дека бевме добри и во офанзивата, ги искористивме шансите и го затвораме овој циклус со важна победа“, вели Јани Атанасов.
По пет одиграни меча, Македонија се наоѓа на делба на втората позиција со Италија и Украина кои имаат по седум бодови, додека Англија е прва со 13 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













