Челси е подготвен да му понуди договор на Еден Азар, тврдат од Островот.
32-годишниот Азар е слободен играч по катастрофалниот период во Реал Мадрид, кој конечно го заврши ова лето со седум гола во четири сезони на „Сантијаго Бернабеу“.
Шпекулациите сугерираат дека е подготвен да се пензионира, но британските медиуми велат дека е можно неверојатно враќање на „Стемфорд бриџ“, каде што замина за 150 милиони евра како сензационално засилување за Реал Мадрид.
Азар постигна 110 гола во 352 настапи за „сините“ и сè уште е запаметен во синиот тим на Лондон со две титули во Премиер – лигата, ФА Купот и трофејот во Лига Европа, но се верува дека Белгиецот сè уште е во разговори со семејството за неговата иднина и дека не донел конечна одлука.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













