МАКФУДБАЛ во Малта,
Фудбалската репрезентација на Македонија по ремито (1-1) со Италија, оствари триумф на гости против Малта и сега има седум бода на табелата, идентично како и Италија и Украина.
Бојан Димоски доби шанса да биде стартер и ја оправда довербата на Милевски.
„Најважно беше рано да го отвориме резултатот. Пристапот беше најважен, тешко е да се игра со вакви репрезентации. Добро почнавме, ама покажавме карактер и квалитет и заслужено победивме. Во денешно време сите репрезентации играат фудбал. Знаевме ќе биде тешко, на крајот се покажа тимскиот дух и квалитетот на нашиот колектив. Атмосферата во тимот е добра, имаме нова енергија по тешкиот пораз од Англија. Сите бевме свесни дека мора да се поправиме, а тоа го покажавме на претходните два натпревари“, изјави Димоски по натпреварот.
Следниот месец, Македонија ја очекува дуел против Украина на гостински (неутрален) терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













