Раководството на Јувентус може да го раскине договорот со Пол Погба, во случај резултатите од втората анализа, која Французинот ќе ја направи на неговиот позитивен допинг – тест, повторно да бидат незадоволителни. Вчера беше објавено дека играчот од средниот ред бил позитивен на тестостерон на 20 август, што ја натера Националната антидопинг комисија на Италија превентивно да го суспендира Погба.
Според „Газета дело Спорт“ од Јувентус се убедени дека правилно ги третирале повредите на Погба и користеле само одобрени медикаменти. Тоа би значело дека Французинот лично ја користел забранетата супстанца.
Агентот на Погба, Рафаела Пимиента, инсистира на тоа дека нејзиниот клиент „никогаш немал намера да ги прекрши правилата“.
Според „Газета“, Јувентус нема да донесе никаква одлука додека не излезат резултатите од втората анализата. Доколку се потврдат првичните резултати, сепак, раководството на „бјанконерите“ најверојатно ќе ја „замрзне“ платата на Погба, а може и да го раскине неговиот договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













