МАКФУДБАЛ во Малта,
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ги продолжува квалификациите за ЕВРО 2024. Нашиот национален тим е гостин на Малта, а очекувањата се дека после ремито со Италија (1-1) сега фудбалерите ќе ја оправдаат фаворитската улога против новиот ривал.
Селекторот Благоја Милевски вели дека Малта воопшто не е наивен противник.
„Малта покажа дека е квалитетен тим, борбен, агресивен. Нема никакво опуштање, ова е можеби најважниот меч во овие квалификации. Момците се свесни што може да ни донесе овој натпревар, сега откако се врати позитивната атмосфера по ремито против европскиот првак Италија“, вели Благоја Милевски.
Столе Димитриевски нема да биде на голот поради повреда. Најверојатно Дамјан Шишковски ќе го замени на голот.
„За жал, лошиот терен го зема данокот. Столе Димитриевски заработи повреда и нема да биде во можност да настапи, му посакуваме брзо опоравување. Јас секогаш имам максимална доверба во сите повикани репрезентативци, така е и во пресрет на утрешниот меч“, истакна Милевски.
Натпреварот меѓу Малта и Македонија се игра утревечер, од 20.45 часот, на Националниот стадион во Ла Валета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













