
Исник Алими, фудбалерот од средниот ред на романскиот клуб Сепси е нов фудбалер кој е повикан во А репрезентацијата на Македонија. Поранешниот фудбалер на италијанските Аталанта, Виченца, Шибеник од Хрватска и азербејџански Габала, денеска се става на располагање на нашиот најдобар национален тим.
Алими е стандарден фудбалер на романскиот Сепси и со одличните настапи за својот клуб се наметна како профил на играч кој може да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред од нашата репрезентација.
Во минатото, Алими настапуваше на официјални квалификациски турнири за младинските репрезентации на Македонија до 17 и до 19 години.
„Алими бележи одлични игри во романското првенство со Сепси. Неговото искуство и формата во која се наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да ни донесе дополнителен квалитет“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Исник Алими денеска во 18.30 часот ќе го има првиот тренинг со А репрезентацијата на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
