Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, ќе прејде во Рома на позајмица. Двата клуба ги договориле сите детали од зделката, која ќе биде финализирана штом Белгиецот ги мине задолжителните лекарски прегледи во Рим. Тоа се очекува да се случи во текот на денешниот ден кога играчот ќе допатува во главниот град на Италија.
Лукаку ќе потпише договор со Рома на една сезона, откако се согласи да заработува плата од 7,5 милиони евра. Тој се согласи на многу помал финансиски надомест од оној што би го добил доколку останеше на „Стемфорд бриџ“, каде неговата плата е 12 милиони евра годишно.
Лукаку минатата сезона го носеше дресот на Интер, па се очекува да има „проблеми“ кога ќе гостува во Милано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













