
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, денеска тренираше со другите голмани во тимот, првпат откако во декември ја скрши ногата на скијање, соопшти баварскиот клуб. Баерн изјави дека 37-годишниот капитен „тренирал со колегите голмани“ и дека го направил следниот чекор кон неговото враќање.
Шампионот на Бундес-лигата не соопшти каков тренинг има направено Нојер и кога ќе биде подготвен за игра. Последен пат Нојер за германската репрезентација играше на 1 декември на Светското првенство. Во првите три натпревари од оваа сезона на голот на Баерн беше Свен Улрих, долгогодишната замена на Нојер.
На тренингот беше и новиот голман Данијел Перец кој минатиот петок дојде од Макаби Тел Авив. Извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дресен, неодамна изјави дека клубот сака да го доведе шпанскиот голман Кепа Аризабалага, но тој одлучи да му се приклучи на Реал Мадрид на позајмица од Челси.
Нојер минатата сезона беше заменет со Јан Зомер, но тој се пресели во Интер, додека голманот Александар Нубел е позајмен во Штутгарт. Баерн ја започна сезоната со пораз од 0-3 против Лајпциг во германскиот Суперкуп, но ги доби првите два натпревари во Бундес-лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
