
Роберто Манчини, кој до неодамна беше селектор на Италија, сега ќе ја извршува истата функција но во репрезентацијата на Саудиска Арабија, соопшти прес-службата на федерацијата. Тој потпиша договор до 2027 година и ќе заработува 25 милиони евра годишно.
Манчини треба да дебитира на кормилото на Саудиска Арабија против Костарика на 8 септември.
Под негово водство, Италија го освои Европското првенство во 2021 година и двапати освои бронзени медали во Лигата на нации (2021 и 2023 година). Сепак, тој не успеа да го квалификува тимот за Светското првенство во 2022 година. Беше елиминиран од Македонија во мундијалскиот бараж.
58-годишниот Манчини претходно има работено во Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и во Зенит.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
