Connect with us

Наполи сигурен, Лацио очаен (ВИДЕО)

Шампионот Наполи ја оствари и втората победа во Серија А оваа сезона, откако на „Диего Марадона“ славеше над Сасуоло со 2-0. Елиф Елмас доби десетина минути на крајот од мечот, а неговите соиграчи претходно ја завршија работата.

Виктор Осимен донесе водство во 16.минута, а Распадори во вториот дел не реализира пенал. Сепак, капитенот До Лоренцо погоди за 2-0 во 64.минута и ги реши дилемите.

Лацио е очаен на стартот на сезоната и го забележа вториот пораз, откако на „Олимпико“ славеше Џенова со 0-1. Матео Ретеги во 16.минута го постигна победничкиот гол за гостите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови