Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала, ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда на препоните, пренесуваат италијанските медиуми.
Дибала се повреди на вчерашниот натпревар од второто коло на Серија А против Верона.
Аргентинскиот напаѓач ја напушти играта во 68. минута. Италијанските медиуми пренесуваат дека Дибала сигурно ќе го пропушти следниот натпревар во Серија А против Милан кој ќе се одигра на 1 септември.
Тој треба да се врати на теренот кон средината на септември по репрезентативната пауза.
Рома освои само еден бод во првите две кола во Серија А.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













