Ливерпул го идентификуваше Жоао Феликс како потенцијална замена за Мохамед Салах. Египетскиот напаѓач сериозно се поврзува со преселба во Ал-Итихад, но „црвените“ сакаат да го задржат напаѓачот, кој има уште две години од договорот на „Енфилд“.
Меѓутоа, ако Салах навистина инсистира да замине, тогаш „црвените“ ќе го свртат вниманието кон Феликс. 23-годишниот Португалец е „замрзнат“ од тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и речиси сигурно ќе бара нов клуб до крајот на летото.
Во втората половина од минатата сезона беше позајмен во Челси каде одигра 20 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола.
Жоао Феликс исто така беше поврзуван со трансфер во Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













