
ПСЖ и Ајнтрахт Франкфурт се оптимисти дека ќе се договорат за трансферот на Рандал Коло Муани, пишуваат француските медиуми. Напаѓачот е голема желба на францускиот шампион, кој веќе испрати две понуди за него кои беа одбиени.
Ајнтрахт сака да добие 100 милиони евра за својата ѕвезда. Разговорите меѓу двата клуба се во тек, а германскиот клуб веќе ја бара и замената за Коло Муани. се шпекулира со имињата на Хуго Екитике од ПСЖ и со Никлас Фулкруг од Вердер.
ПСЖ досега најмногу понуди 80 милиони евра, плус бонуси, но ќе мора да ја подигне понудата доколку сака да го доведе Коло Муани во Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
