Connect with us

Салах кажал „да“ на понудата на Ал-Итихад

Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах, се согласил да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Според „beIN Sports“, Египќанецот ја прифатил понудата на Ал-Итихад и сега сѐ зависи од тоа дали „црвените“ ќе сакаат да се разделат со него.


Ал-Итихад е подготвен да понуди 90 милиони евра за Салах. Доколку договорот се оствари, тоа ќе биде рекордна зделка за клуб од Саудиска Арабија.

Договорот на Салах со Ливерпул е до 2025 година. Тој е на „Енфилд Роуд“ од 2017 година.

Ал-Итихад веќе ги доведе Карим Бензема, Н’Голо Канте и поранешниот соиграч на Салах, Фабињо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови