
Трансферот на Лукас Пакета од Вест Хем во Манчестер Сити пропадна само поради истрагата што Фудбалската асоцијација на Англија ја започна против Бразилецот минатата недела.
Играчот од средниот ред е под истрага за наводно прекршување на правилата за обложување во Премиер – лигата, што може да доведе до сериозна казна за него. Пред ФА да го извести Вест Хем за инцидентот, двата клуба постигнаа начелен договор за трансфер вреден 80 милиони фунти.
Вниманието на истражните органи беше привлечено на невообичаено голем број облози со жолти картони на Пакета на домашен терен против Астон Вила на 12 март 2023 година. Бразилецот доби опомена во 70. минута од овој натпревар и облозите се исполнија.
Пакета исто така беше изоставен од составот на Бразил за светските квалификации следниот месец со Перу и со Боливија. Сепак, тој започна, па дури и се запиша во листата на стрелците во неделната победа над Вест Хем против Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
