Баерн Минхен активно бара десен бек кој ќе го замени Бењамин Павар. Францускиот интернационалец е блиску до трансфер во Интер и зделката не е реализирана само затоа што Баварците сѐ немаат доведено нов дефанзивец.
Баерн во последен момент ги стопирал преговорите со Феенорд за Лутшарел Гертруда. 23-годишниот Холанѓанец е меѓу лидерите на клубот од Ротердам, кој минатата сезона ја освои титулата во Ередивизие.
На „Алијанц Арена“ го таргетираа на почетокот на преодниот рок, но потоа се свртеа кон Кајл Вокер. Откако стана јасно дека Вокер ќе остане во Манчестер Сити, шефовите на Баерн повторно го свртеа вниманието кон Гертруда.
Репрезентативецот на Холандија би чинел околу 30 милиони евра. Останатите цели на Баерн се Мохамед Симакан и Лукас Клостерман од Лајпциг, но тешко дека „црвените бикови“ би пуштиле друг нивни фудбалер да замине во Минхен, откако таму веќе заврши Конрад Лајмер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













