
Навивачката група на Вардар, Комитите, се огласија по поразот од Воска со 3-2. Фановите на најтрофејниот македонски клуб истакнуваат дека не им дале поддршка на играчите, туку опомена дека не смеат да не го вложуваат максимумот за клубот.
„Ниту забраната за гостување, ниту резултатите на клубот, нема да не спречат!
Вчерашниот натпревар заврши со молк. На фудбалерите не им дадовме поддршка туку опомена и дознаење дека не смеат да си дозволат, да ги преминат нашите црвени линии.
Нас нѐ не болат резултатите, туку играта и најголемиот наш пораз не е во немањето бодови, туку во немањето желба. Тоа е она што мора да се промени!
Но важно е секој наш член, секој Вардарец, сега кога е најтешко да застане зад клубот. Свесни сме дека сме сами, но свесни сме и дека само сплотени можеме да стигнеме до целта.
Во среда (23.08.2023), на стадионот “Борис Трајковски”, потребна е силна поддршка од наша страна. Затоа, не се мисли, не барај изговор – дојди и биди тука, зошто сега е тешко, сега сме најпотребни!
Во среда не постои друга опција, освен победа против Силекс!“, порачаа „Комитите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal