Пелистер успешно ја отвори сезоната во Втората лига, а тимот на Влатко Костов денеска (17 часот) првпат ќе се претстави и пред домашните навивачи. Ривал е локалниот Новаци, а „пелистерци“ се надеваат на нов триумф.
Беса исто така стартуваше со победа и планира да продолжи во ист стил, а за противник ќе ја има Беласица.
Башкими ќе ја пречека Победа, а Скопје ќе биде домаќин на Детонит Плачковица. Тетекс ќе се сретне со Осогово.
Езерското дерби меѓу Охрид и Караорман во последен момент е одложено за 30.август, откако УЕФА донесе одлука Струга ТЛ да биде домаќин на „Билјанини извори“ во мечот од плејофот за КЛ против Брејдаблик.
ВТОРА ЛИГА, 2.КОЛО (денеска, 17 часот)
ПЕЛИСТЕР – НОВАЦИ
БЕСА – БЕЛАСИЦА
ТЕТЕКС – ОСОГОВО
БАШКИМИ – ПОБЕДА
СКОПЈЕ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
АРСИМИ – КАМЕНИЦА САСА
ВАРДАР НЕГОТИНО – КОЖУФ
ОХРИД – КАРАОРМАН (30.август)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski