Македонскиот второлигаш ФК Тетекс со нов одговор до Општина Тетово. Им ја освежи меморијата на градските власти дека во минатото и Шкендија и Ренова, па и Скендербег од Порој и Чаклани од Палчишта играче на Градскиит стадион во Тетово, а не биле прволигаши.
Во новото соопштение на ФК Тетекс, се вели:
До господата од општина Тетово.
На кој стадион играше Шкендија како второлигаш? На кој стадион играше Ренова како второлигаш? А, неколку натпревар на Градски одигра и Руфеја од Милетино како второлигаш. Скендербег од Порој и Чаклани од Палчиште играа на Градски во Купот на Македонија!
Баражите за пополнување на 2. лига се играа на Градски во Тетово (случајно или не играа: Фортуна, Вардар Форино, Влазними Струга, Башкими Куманово и Влазрими Кичево).
Нема реакција за стариот стадион кој со променети брави и катанци е узурпиран. Од кого? – Знае општината? Знае МВР? Знае ОЈО Тетово?
Нема реакција за теренот на АМС каде пионери и петлиња имаат предност пред прволигаши во женски фудбал и второлигаш во машки фудбал. Нерамноправна распределба на термините.
На кого Шкендија му плаќа за користење на Градскиот стадион? (можете да објавите доказ?)
На кого му плаќаше Ренова за користење на Градскиот стадион? (можете да објавите доказ?)
Кој и како одлучил дека стадионот смее да се користи само за Прва лига, кога наведовме еден куп примери кога не било така? Дали советниците Македонци се консултирани и дали Советот донел таква одлука или советот има донесено ценовник со ставки за која лига по колку ќе се наплаќа. Кого консултиравте за да донесете таква одлука, која воопшто не е донесена. Објавете го документот дека така сте одлучиле со печат и потпис на овластеното лице од Општината.
Нема да застанеме! Или сите ќе бидеме рамноправни или никој! Ќе има протести!
Истовремено ќе започнеме и институционална борба:
– Ќе се обратиме и до Народниот правобранител,
– Ќе се обратиме до Комисијата за антидискриминација,
– Ќе се обратиме до Комисијата за антикорупција да се испита кој какви одлуки носи за спортските објекти во Тетово (не само за Градскиот) и дали некој плаќа за нивно користење,
– Ќе се обратиме до инспекторатот за Локална самоуправа дали одлуките кои ги носите врз основа на национална и навивачка припадност дали се законски,
– Ќе се обратиме до сите институции, Претседател на државата, Премиерот, Претседателот на собранието, сите пратеници, министри, но и Амбасади и меѓународни институции.
Тетекс ќе игра на Градски, ќе победиме и во оваа битка!
Да ја потсетиме и јавноста што ветуваше во изборната кампања сегашниот градоначалник.
Следуваат и нови материјали и докази…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski