Connect with us

ФФМ исплати рекордна премија од 500.000 евра за првото место на сениорите во групата од Лигата на нации

Фудбалската федерација на Македонија ја исплати рекордната премија во износ од 500.000 евра за освоеното прво место на А репрезентацијата на Македонија во групата од УЕФА Лига на нации. Раководството на ФФМ за пласманот во баражот за ЕП 2020 ја вети најголемата премија во историјата на македонскиот спорт, а паричната награда ја поделија репрезентативците и стручниот штаб во најдобарата фудбалска репрезентација на Македонија.

„Фудбалската федерација на Македонија ја исплати премијата за пласман во завршана фаза од Лига на нации и со тоа поставивме стандард како ќе работиме и во иднина. Пласманот на ЕП 2020 година би претставувал остварување на сонот на оваа генерација македонски фудбалери и на капитенот Пандев и соиграчите им посакуваме многу среќа во следните репрезентативни предизвици. Со пласманот во завршната фаза од Лига на нации, репрезентацијата стигна таму каде што и е местото и искрено посакуваме нов напредок. Благодарност до сите кои даваа поддршка. Драго ни е што успеавме да ја вратиме насмевката на лицата на навивачите и се надевам дека позитивната резултатска низа ќе трае и во иднина“ – вели в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Македонија во полуфиналето од УЕФА Лига на нации ќе се соочи со Косово на домашен терен, а во второто полуфинале Грузија ќе и биде домаќин на Белорусија. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат меѓусебе во финале, на неутрален терен, за победа која гарантира пласман на Европското првенство во 2020 година.

За помалку од еден месец, на 21. март 2019 година во Скопје против Летонија го отвораме и квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови