
Јуриен Тимбер ќе пропушти значаен дел од сезоната. Новото засилување на Арсенал заработи сериозна повреда на коленото, но не се работи за најтешката повреда, кинење на предните вкрстени лигаменти. Сепак, паузата ќе биде неколку седмици.
Холанѓанецот заработи повреда во првото полувреме од мечот со Нотингем Форест, лекарскиот тим погрешно процени, го врати на теренот и ситуацијата се влоши, а тој по неколку минути го напушти теренот.
Сепак, Микел Артета не се очекува да направи потег на летниот пазар, бидејќи конкуренцијата во одбраната е навистина силна. Вилијам Салиба, Бен Вајт, Габриел, Кивиор, Томијасу и Зинченко се сосема доволни, а Томаш Парти покажа дека е човек од задача и може да ги изврши сите дефанзивни работи.
Сепак, отсуството на Тимбер сигурно ќе биде проблем за Арсенал во поголемиот дел од есенскиот дел од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
