
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси беше стрелец на нов гол, а Интер Мајами оствари убедлив триумф од 4-0 над Шарлот во четврт-финалето на Лига купот, натпреварување меѓу екипите од МЛС лигата и од мексиканската лига. Со тоа Интер Мајами се пласира во полуфиналната фаза во која ќе се сретне со Филаделфија Унион.
Меси во 86. минута постигна гол за конечни 4-0 откако претходно погодија Јозеф Мартинез и Роберт Тејлор, а автогол си постигна Адилсон Маланда. Аргентинецот постигна гол откако
Леонардо Кампања го најде со убава повратна топка. Меси на тој начин стигна до бројката од осум гола во првите пет натпревари за Интер Мајами.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
