Connect with us

Хари Кејн пристигна во Германија на потпис со Баерн Минхен

Капитенот на Англија, Хари Кејн, слета во Германија за да го финализира трансферот во Баерн Минхен. Вчера Тотенхем ја прифати понудата на Баварците која е вредна 100 милиони евра, плус 20 милиони бонуси.


Денеска некои шпекулации тврдеа дека тој бил задржан на аеродромот поради новите услови поставени од претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, но на крајот беше постигнат договор меѓу двата клуба.

Првично требаше да полета наутро, потоа попладне, а имаше уште едно одложување. Како што пишуваат германските медиуми, причината била тоа што на пат кон аеродромот Станстед влетал во сообраќаен метеж.

Веќе се појавија слики од Кејн и неговата сопруга на аеродромот каде што го чекаше приватен авион.

Се очекува тој денеска да ги помине медицинските прегледи и да потпише четиригодишен договор. Доколку сѐ оди според планот, Кејн би можел да му биде на располагање на Томас Тухел за утрешната пресметка со Лајпциг од Суперкупот на Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови