Connect with us

Осимен ќе добие 9 милиони евра по сезона и ќе потпише за Наполи до 2027 година

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, ќе остане во клубот и ќе потпише нов договор, иако за него пристигнаа неколку понуди ова лето. Тој ќе стави потпис до 2027 година, а платата ќе му биде зголемена на 9 милиони евра по сезона.


„Осимен останува во Наполи, тој има уште две години од актуелниот договор со Наполи. Тој нема да оди никаде, можете да бидете мирни“, им порача Де Лаурентис на фановите на Наполи.

За Осимен имаше огромен интерес ова лето, од Саудиска Арабија дојдоа примамливи понуди, а тој беше во фокусот и на Пари Сен Жермен, Баерн Минхен и на Манчестер Јунајтед. Сепак, претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис за него побара 220 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови