Connect with us

Јасин Бону ќе застане на голот на „кралевите“ како замена за Тибо Куртоа

Реал Мадрид доживеа голем удар непосредно пред новата сезона во Ла Лига. На Тибо Куртоа му беше дијагностицирана руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и голманот на Реал во наредните денови ќе биде опериран. Најлошите прогнози велат дека Куртоа ќе го нема цела сезона, а во најдобар случај ќе се врати во април 2024 година.


Оттаму Реал веќе ја започна потрагата по нов голман. Се споменуваа Давид де Хеа кому му истече договорот со Манчестер Јунајтед и Кепа Аризабалага, но се чини дека нов голман на „кралскиот клуб“ ќе стане 32-годишниот Јасин Бону од Севилја, мароканскиот репрезентативец кој беше прогласен за втор најдобар голман на Светското првенство минатата година.

Тој и помогна на репрезентацијата да го постигне најголемиот успех во историјата на арапскиот и африканскиот фудбал со освојувањето на четвртото место, а потоа сезоната ја заврши со освојување на Лига Европа со Севилја.

Бону е роден во Канада, а во Мадрид помина три години кога беше член на вториот тим на Атлетико. Реал наводно ќе го купи за 20 милиони евра, но допрва треба да се договорат деталите од договорот со Мароканецот, пренесуваат шпанските медиуми.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови